Заштита на права на пациенти со фокус на лица со интелектуална попреченост
Summary
Брошурата за заштита на права на пациенти со фокус на лицата со интелектуална попреченост е дел од едицијата на брошури под наслов Заштита на права на пациенти, подготвени од страна на Здружение ЕСЕ во соработка со граѓански организации кои работат со одредена ранлива група. Овој тип на брошури беа подготвени за општа популација, Роми и корисници на дроги. Брошурата за заштита на правата на пациентите со фокус на лицата со интелектуална попреченост има за цел да запознае со правата и обврските на лицата со интелектуална попреченост како пациенти, како и со механизмите за заштита на нивните права.